Македонецот нема среќа: ВАР го поништи првиот гол на Несторовски за Удинезе (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да почека уште малку за својот прв погодок во дресот на Удинезе во италијанската Серија А, откако голот против Фиорентина му беше поништен.

Македонецот во 34. минута успеа да ја смести топката во мрежата на домаќините, но главниот судија по прегледување на ВАР-снимката реши да го поништи погодокот, зашто еден од соиграчите на Несторовски претходно играше со рака.