Мајкл Карик не сака да си замине од Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната!

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, за првпат индиректно навести дека би сакал да остане на клупата на „Олд Трафорд“ и по завршувањето на сезоната.

Тој беше назначен како привремено решение до крајот на првенството, откако клубот го отпушти Рубен Аморим. Од неговото назначување на 13 јануари, поранешниот играч на Јунајтед внимателно ги избегнуваше прашањата за својата долгорочна иднина, но сега испрати појасна порака.

„Искрено, ништо не се промени. Целосно сум свесен за улогата што ја имам и одговорноста што ја носам. Сакам Манчестер Јунајтед да биде успешен и по крајот на сезоната – без разлика дали јас ќе бидам тука или некој друг“, изјави Карик.

Поранешниот фудбалер истакна дека во моментов не може да влијае на одлуките за иднината, но неговата цел е јасна – подобрување на тимот и стабилизација на клубот.

„Краткорочните резултати не смеат да ја диктираат големата слика. Ако тоа се случува, тогаш нешто не е во ред. Не може сè да биде импулсивно – ниту кога оди одлично, ниту кога има проблеми“, додаде Карик.

На крајот, поранешниот англиски репрезентативец не криеше дека ужива во улогата.

„Го сакам тоа што го работам. Тука сум и се чувствувам како дома, но ја разбирам ситуацијата и не дозволувам емоциите да надвладеат“, заврши менаџерот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед е во низа од три победи по ред во Премиер лигата, во која денеска на домашен терен ќе го пречека тимот на Тотнем (13.30 часот).

ФОТО: EPA PHOTO