Лукаку со уште една провокација до Ибрахимовиќ

Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ имаа жесток дуел за време на четвртфиналето во италијанскиот Куп помеѓу Интер и Милан. 

Нивната нетрпеливост ескалираше со многу закани и жесток вербален дуел, кој поради интервенцијата на соиграчите не прерасна во нешто поголемо. По освојувањето на шампионската титула на Интер и падот на Милан надвор од Лигата на шампиони, Белгиецот имаше објава на социјалните мрежи насочена како провокација кон Ибрахимовиќ.

„Вистинскиот господ го круниса кралот, сега поклони се“, напиша Лукаку.

Голгетерот на Интер во изјава за „Кориере дело Спорт“ повторно го испровоцира ривалот од Милан.

„До Манчестер јунајтед ние имавме добар меѓусебен однос. Ни требаат играчи со неговиот квалитет во Серија А. Разликата е тоа што тој сака да победува за себе, а јас сакам за Интер“, изјави Белгиецот. 

Со оглед на тоа дека Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една сезона, навивачите и фудбалската јавност едвај го чека следното миланско дерби идната натпреварувачка година.