Лукаку го однесе Интер во четвртфинале на Купот и закажа градско дерби! (ВИДЕО)

Најдобриот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку со гол во претпоследната минута од продолженијата ги однесе „нераѕурите“ во четвртфинале во Купот на Италија во победата со 2-1 по продолженијата против Фиорентина и закажа градско дерби за место во полуфиналето со Милан, откако „росонерите“ вчера дури по пенали со 5-4 (0-0) го прескокнаа Торино.

Лукаку погоди во 119-та минута за огромна радост на Интер и спречи пенал рулетот да решава во Фиренца во пресметката со Фиорентина, откако по регуларните 90 минути, мечот заврши без победник 1-1.

Интер поведе во 40-та минута со гол на Артуро Видал од пенал, а Фиорентина израмни во 57-та минута преку Куаме, па кога сите очекуваа пенали, Лукаку во завршницата од продолженијата даде гол за триумф.