Лука Модриќ на удар на навивачите на Реал затоа што гласал за Јамал

Франс фудбал ги објави гласоовите во изборот за наградите кои ги доделува од кои најважна е Златната топка.

Интересно беше гласањето за најдобар млад играч во кое (треба да) учествуваат сите поранешни освојувачи на Златната топка иако некои од нив, како Кристијано Роналдо, Зидан, Лоу итн. не испратија свои гласови. Трофејот „Копа“ убедливо го освои Ламин Јамал кој доби 113 бода во гласањето, дури 90 повеќе од Арда Ѓулер од Реал.

Како освојувач на Златната топка во 2018 година, можност да гласа имаше и хрватскиот ас Лука Модриќ, но тој доби замерки од навивачите на Реал Мадрид затоа што не му даде максимален број бодови на својот соиграч Арда Ѓулер, туку го поддржа Јамал кој е член на конкурентскиот тим Барселона.

Сепак, тој не е единствен сегашен или поранешен член на Реал кој му даде максимален број бодови на Јамал. Како него размислуваа уште Карим Бензема, Кака, Фабио Канаваро, Мајкл Овен и Луис Фиго.