Лука Јовиќ пред трансфер на кариерата: Голгетерот ќе ја засили Барселона!

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ игра фантастична сезона па младиот фудбалер е пред потпис со Барселона. 

Германските медиуми јавуваат дека Србинот нема да продолжи во дресот на Ајнтрахт, бидејќи неговиот агент веќе договорил трансфер во редовите на Барселона.

Јовиќ моментално е на позајмица од Бенфика, но бундеслигашот има право да го откупи за 12 милиони евра. Германскиот клуб сигурно ќе ја искористи оваа опција за потоа да заработи многу повеќе ако го продаде во Барселона.

Се споменува дека „каталонците“ се подготвени да платат дури 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер. Јовиќ е на врвот на листата на стрелци во Бундеслигата со 14 голови.