Луѓе, ова не е шега: Стартува уште една фудбалска лига!

Страствените обложувачи слушнаа уште една радосна вест, а тоа е дека продолжува уште едно фудбалско првенство.

По Белорусија, Бурунди и Никарагва, наредните денови се очекува почетокот и на првата лига на Таџикистан. Ситуацијата во оваа земја е релативно мирна, сè уште нема пријавени случаи на заразени од коронавирус, а земјата дава се од себе да остане така и во наредниот период.

Фудбалската програма во Таџикистан започнува денес од 14 часот, кога на програмата е Супер Купот помеѓу актуелниот шампион Истиклол од Душанбе и Кујанд. Инаку, сите натпревари ќе се играат без присуство на публиката.

Првенството започнува утре кога ќе се играат три натпревари од првото коло.