Ливерпул уште ја слави титулата, бидејќи вечерва не се појави на „Етихад“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул вечерва на „Етихад“ добија фудбалска лекција од стариот шампион Манчестер сити.

Манчестер сити го прегази новиот владател во Англија со убедливи 4-0. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога „граѓаните“ стекнаа предност од 3-0. Џо Гомез направи прекшок во сопствениот шеснесетник, па Кевин де Брајне без проблеми погоди од пенал за 1-0 во 25-тата минута.

Поранешниот фудбалер на „црвените“, Рахим Стерлинг зголеми на 2-0 по десет минути, а Фил Фоден во последната минута од полувремето реализираше за 3-0. Очајната вечер за Ливерпул ја комплетираше Алекс Окслејд-Чемберлен кој си постигна автогол во 66-тата минута.

Ова е само утешна победа за Сити против Ливерпул, бидејќи успеа само да ја намали бодовната негатива на табелата на 20 бодови.