Ливерпул потопен на домашен терен, Сити продолжува да гази (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул го направи првиот кикс во новата сезона откако на домашен терен загуби од Нотингем Форест со 0-1.

 

 

Тоа е огромна сензација ако се знае дека „црвените“ одлично стартуваа во Премиер лигата и до денеска не само што беа со максимален ефект, туку немаа ниеден примен гол. И денеска го диктираа темпото, имаа 72% посед на топка, но сето тоа беше јалово и без голем притисок во гостинскиот шеснаесетник. Моментот на одлука се случи во 72. минута кога во еден од ретките излети на противничката половина, Хадсон Одои со прекрасен удар го совлада Алисон.

 

 

За разлика од Ливерпул, Манчестер Сити продолжува со максималниот ефект во новата сезона, на крилјата на Ерлинг Халанд. Иако прими гол уште во првата минута од мечот, шампионот направи пресврт и славеше со 2-1, а двата гола ги постигна токму норвешкиот репрезентативец. Халанд во второто полувреме пропушти и неколку изгледни прилики, како и можноста да стане првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со три хет-трика во првите четири кола од првенството.

РЕЗУЛТАТИ
Брајтон - Ипсвич 0-0
Кристал Палас - Лестер 2-2
Фулам - Вест Хем 1-1
Ливерпул - Нотингем Форест 0-1
Манчестер Сити - Брентфорд 2-1
Астон Вила - Евертон 18:30
Борнмут - Челси 21:00