Ливерпул ја плаќа откупната клаузула на Тимо Вернер

Тимо Вернер најверојатно ќе биде најголемото летно засилување за Ливерпул, откако клубот одлучил да ја плати откупната клаузула во неговиот договор со Лајпциг. 

Германскиот репрезентативец има може да биде ослободен од договорот за 50 милиони фунти, а оваа сума не е никакво проблем за „црвените“. Јирген Клоп е убеден дека неговиот сонародник е идеално засилување во нападот.

Вернер може да игра како класичен напаѓач, но и на крилните позиции што го прави вистински универзалец во офанзивата. Неговата брзина и дриблинг се карактеристики кои ги имаат Садио Мане и Мохамед Салах, па Германецот одлично би се вклопил во тимот. 

Сезонава Вернер во Бундеслигата има 20 голови на 21 натпревар. Интерес за неговите услуги има и од Челси.