Ливерпул ја активираше опцијата за продолжување на договорот на дефанзивецот

Премиерлигашот Ливерпул го продолжи договорот со дефанзивецот Жоел Матип, објави „Дејли Мејл“. Тимот од „Енфилд“ ја искористија опцијата за продолжување на соработката за уште една сезона, запишана во договорот на 28-годишниот централен дефанзивец.

Сега неговиот престој во клубот е загарантиран до летото 2021 година. Матип се пресели во Ливерпул во 2016 година, откако му истече договорот со Шалке 04. Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и го освои Суперкупот на УЕФА.

Минатата сезона, кога Џо Гомез и Дејан Ловрен се повредија, Матип одлично функционираше како партнер на Вирџил ван Дијк во центарот на одбраната.

Од почетокот на новата сезона, тој играше во три натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Клубот од „Мерсисајд“ се очекува наскоро да ги продолжи договорите и на Џејмс Милнер и Жоржињо Вајналдум.