Ливерпул е незапирлив - со „петарда“ го разнесе Вест хем (ВИДЕО)
На „црвените“ им беа потребни 30 минути да ја пробијат одбраната на лондонскиот тим за првпат преку Дијаз, по што до крајот на полувремето стрелаа Гакпо и Салах.
Ливерпул додаде уште два погодоци во вториот дел, и тоа најпрво преку Александер-Арнолд во 54. минута и половина час подоцна преку Диого Жота.
Ливерпул е лидер на табелата со 45 бодови, односно осум поени повеќе од второпласираниот Нотингем Форест.