Лион тоне ли тоне: Нов кикс на поранешниот француски шампион (ВИДЕО)

И четврти меч во низа екипата на Лион не знае за победа, откако попладнево одигра само 1-1 на домашен терен против екипата на Стразбург.

Лион поведе во 21 минута со голот на Бертранд Траоре, додека Зои му донесе израмнување на гостинот во пред крајот на второто полувреме.

Второто полувреме не донесе речиси никакви возбудувања на двете страни, па резултатот остана оној од првиот дел (1-1).

Со ова реми Лион останува на очајното десетто место на табелата (34 бода), иако амбициите на овој клуб се далеку поинакви, додека Стразбург е седми со 37 бода.