Лидс ремизираше со Сити: Алиоски одигра едно полувреме (ВИДЕО)

Лидс јунајтед е единствениот тим од новолигашите кој игра рамо до рамо со најсилните во Премиерлигата. Откако во првото коло го намачи шампионот Ливерпул и загуби со 4-3 на „Енфилд“, момците на Марсело Биелса денеска одиграа реми 1-1 против Манчестер сити на „Иладн Роуд“ во рамки на 4.коло. 

„Граѓаните“ први дојдоа до водство преку Рахим Стерлинг кој постигна убав погодок, по еден соло продор во 17-тата минута. Голот за Лидс беше дело на Родриго Морено во 59-тата минута, откако голманот на Сити, Едерсон имаше очајно лоша интервенција. Домашниот тим на крајот можеше и до сите три бода, но Патрик Бамфорд излезе сам пред голот на госите, а Едерсон се истакна со интервенцијата.

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски за прв пат доби шанса во првиот тим и го одигра само првото полувреме. Тој имаше и шанса да постигне гол со глава, но не реализираше. 

По три одиграни кола Манчестер сити има само еден триумф, оној во првото коло против Вулфс, а минатата недела беше декласиран со 5-2 на свој терен од Лестер. Тимот на Пеп Гвардиола е 10-ти на табелата со четири освоени бода. Лидс на четири натпревари освои седум бодови и моментално се наоѓа на 5.место.