Барселона го обезбеди првото засилување за следната сезона – од Баер Леверкузен!
Тој веќе ги договори деталите за соработка со каталонскиот клуб и се очекува официјално да потпише преддоговор во јануари, бидејќи неговиот актуелен договор со бундеслигашот завршува во јуни 2025 година. Тах важи за еден од најквалитетните дефанзивци во Бундеслигата, поради што привлече внимание од повеќе европски гиганти. Баерн Минхен се обиде да го ангажира минатото лето, но отштетата од 30 милиони евра што ја бараше Леверкузен беше пречка за реализација на трансферот. Како резултат, Тах остана во клубот за да го одработи договорот до крај.
Клучен фактор за трансферот беше тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој соработуваше со Тах додека беше селектор на Германија. Добрата комуникација и гаранцијата за значајна минутажа одиграа важна улога во одлуката на дефанзивецот да ја прифати понудата на Барселона. Тах ќе потпише договор со каталонскиот клуб до јуни 2030 година.
Доаѓањето на Тах отвора прашања околу иднината на Роналд Араухо, чиј договор истекува за 18 месеци. Доколку не дојде до продолжување на соработката, Араухо би можел да биде продаден во летниот преоден рок.