Малку фалеше Алиоски да го шокира Пеп: Македонскиот лев бек промаши одлична шанса (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен лев бек Езгјан Алиоски денеска првпат е стартер на еден премиерлигашки меч и тоа ни помалку, ни повеќе против Манчестер сити, па од стартот на мечот, малку фалеше да го шокира Пеп Гвардиола.

Алиоски имаше одлична шанса, се избори за шут со глава, ама ударот му беше многу непрецизен, па дури и самиот не можеше да поверува колку лошо уштна над голот од добра позиција по која Лидс можеше да даде гол.