Му даде 53 коша на Пелистер и веднаш се продаде во – АБА лигата!

Американскиот кошаркар, Џошуа Скот, од вчера е нов играч на ФМП, клуб од АБА лигата, а трансферот дојде по неговиот импресивен настап против Пелистер во Битола, каде што минатата недела постигна рекордни 53 поени во дуел од АБА 2 лигата.

Тој со ова достигнување го привлече вниманието на бројни клубови, но белграѓани реагираа најбрзо и го потпишаа во своите редови. Скот претходно сезонава се истакна и на дуелот против Широки, каде што оствари трипл-дабл со 21 поен, 12 асистенции и 10 скока, што го вброи меѓу ретките играчи со такво постигнување во историјата на АБА 2 лигата.

Досегашниот играч на Подгорица со овие резултати го потврди својот талент, што му овозможи трансфер на повисоко ниво во регионалната лига.