
Лестер со три бода се враќа од Лондон: Варди му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)
Арсенал одигра феноменално прво полувреме во кое го диктираше темпото и создаде многу шанси кон голот на „лисиците“, но не успеа да ја затресе нивната мрежа.
Во второто полувреме Лестер ја презема иницијативата, па реши да се обиде да ги освои трите бода и тоа им успеа при една одлична акција, кога Џејми Варди погоди за конечни 1-0.
Лестер по шест одиграни меча има 12 бодови, додека Арсенал има девет бодови.