Лестер го разнесе Нотингем: Бруилјантниот Мадисон ја донесе првата победа! (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Џејмс Мадисон имаше брилјантна вечер и со два гола и асистенција му ја донесе првата победа сезонава на Лестер, кој го растури Нотингем Форест со 4-0 во последниот меч од осмото премиерлигашко коло.

Лестер имаше само еден бод и шест порази во низа, па Мадисон ја најави победата на средина од првиот дел, а за десет минути сѐ заврши околу прашањето за победникот. Откако погоди во 25-та минута, само две потоа Харви Барнс ја дуплираше предноста, а потоа Мадисон со прекрасен гол од слободен удар во 35-та донесе уште поубедлива предност.

За да не остане на тоа, со асистенција за Патсон Дака, фудбалерот за врска ја комплетираше брилјантната вечер и учествуваше во три од четирите гола со кои Лестер сега дојде до 4 бода и на Нотингем му го препушти последното место на табелата.