Леонардо во ПСЖ носи две големи ѕвезди од Серија А

Леонардо вчера и официјално се врати во ПСЖ како спортски директор по пауза од неколку години. Не се прослави на оваа позиција кај „росонерите“ и реши да оди во Париз, каде веројатно ќе му биде полесно да реализира трансфери со далеку поголем буџет. 

Бразилецот одлично ја познава Серија А, па во својот прв мандат во редовите на „светците“ успеа да ги доведе Хавиер Пасторе, Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и Маркињос во тимот.

Ова лето тој има план за двајца други фудбалери. Едниот е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, а вториот е Сергеј Милинковиќ Савиќ. Ова ќе бидат два големи трансфери, бидејќи Милан нема да се откаже од својот млад голман за помалку од 60 милиони евра, додека Србинот ќе го чини ПСЖ многу повеќе со оглед на фактот дека Лацио за него бара повеќе од 100 милиони евра.