Легенда на Рома се враќа во Италија за да биде тренер на Фиорентина!?

Легендата на Рома, Даниеле Де Роси, најверојатно ќе се врати повторно во Италија, односно во Серија А, каде што ќе има поинаква улога.

Фудбалерот кој мина 18 години во дресот на „Волчицата“, а потоа одигра и шест месеци во Бока јуниорс, најверојатно ќе го преземе тимот на Фиорентина.

Популарниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио прв ја објави информацијата за новиот ангажман на Де Роси, а се очекува само официјална потврда и од клубот од Фиренца.