Легенда на Баерн му се „истури“ на Ковач: Ова е срамно, Баерн игра грозно!
Кризата на Баварците го допре дното, па мораше да интервенираат претседателот Улрајх Хенес и главниот извршен директор Карл-Хајнц Румениге по дебаклот.
Германските медиуми пишуваат дека Ковач добил ултиматум – да ги подобри настапите на екипата или не му бега отказ.
Притисокот е голем, а еден од најгласните критичари на хрватскиот тренер е легендата на клубот, Лотар Матеус.
„Не можам да се сетам кога Баерн играше толку грозно. Визијата за модерен фудбал е целосно промашена. Труд и ентузијазам нема. А, исто така реакциите на играчите ви кажуваат многу работи“, остро критикуваше Матеус.
Меѓутоа, поддршка за Ковач има од дефанзивецот на Баварците, Џошуа Кимих, кој го пофали карактерот на хрватскиот тренер.
„Постојано ни дава поддршка и мотив. Неверојатна е неговата самодоверба и токму таков тренер ни беше потребен уште одамна. Ситуацијата во која се наоѓаме не е добра, но наскоро таа ќе се промени“, објасни Кимих.