Лаутаро Мартинез откри: Точно е дека Барселона ме сакаше, ама Интер ми е поважен
Аргентинскиот напаѓач во изминатите неколку преодни рокови често се поврзуваше со преселба на „Камп Ноу“, но до реализација на трансферот никогаш не дојде.
„Информациите за Барселона беа вистинити, но на крајот сакав да останам тука, со моите соиграчи и навивачите“, откри Мартинес.
За аргентинскиот репрезентативец пресудна била врската што ја изградил со Интер, соиграчите и навивачите. Тој признава дека одлуката повторно да остане во Милано била свесна и дека има големи амбиции со „нераѕурите“.
Мартинез посебно му се заблагодари и на спортскиот директор Пјеро Аузилио, кој имал голема улога во неговото доаѓање и развој во клубот.
„За мене Интер е гордост, среќа и желба да продолжам. Избрав да останам тука уште еднаш и сакам да постигнам големи работи со Интер“, порача аргентинскиот напаѓач.
Во меѓувреме, тренерот Кристијан Киву има огромна доверба во својот капитен. Тој истакна дека Мартинез е мотивиран за новата сезона и дека неговата посветеност кон клубот е еден од главните адути на Интер.
Така, приказната за трансферот во Барселона барем засега е затворена – Лаутаро останува верен на Интер и ќе се обиде да го предводи клубот до нови трофеи.