Алкараз загуби сет, па додаде гас: Шпанецот со пресврт до третото коло на УС Опен

Карлос Алкараз продолжува со одличните настапи на УС Опен и обезбеди пласман во третото коло, откако со пресврт го совлада Португалецот Жаиме Фарија со 4-6, 6-0, 6-3, 6-2.

Бранителот на титулата имаше проблеми на стартот и го загуби првиот сет со 4-6. Фарија одигра храбро и успеа да го стави третиот носител под притисок, но тоа траеше само еден сет.

Клучниот момент дојде во вториот сет. Алкараз спаси брејк-топки при резултат 15-40, го освои својот сервис-гем, а потоа започна неверојатна серија. Шпанецот освои осум гема по ред, вклучително и вториот сет со убедливи 6-0. Фарија не успеа да се врати во мечот. Алкараз продолжи со сигурна игра, направи брејк во третиот сет и го стави натпреварот под целосна контрола. Во четвртиот сет рутински ја заврши работата за нешто помалку од два часа и 40 минути.

Португалецот имаше проблеми и со сервисот, бидејќи направи дури 11 двојни грешки. Со оваа победа, Алкараз стигна до 16. последователна победа на Гренд слем турнирите, серија која започна со неговиот триумф на УС Опен во 2025 година.

Во третото коло Шпанецот ќе игра против Кинезот Ву Јибинг.