Елези со гол во 96. минута го реши дербито меѓу Сараево и Широки Бријег

Фудбалерите на Сараево триумфираа со 2-1 против Широки Бријег во дербито од петтото коло во босанскиот шампионат, а решавачкиот гол беше дело на македонскиот интернационалец Агон Елези.

Првото полувреме помина без погодоци, по што Сараево ја имаше најголемата шанса за водство, меѓуто Баришиќ промаши пенал во 56. минута.

Гуедеш го казни промашувањето на Баршиќиќ и во 79. минута донесе предност од 1-0 на Широки бријег. Во самата завршница Сараево успеа преку Карабаљо да погоди за 1-1, а потоа Елези во 96. минута стрелаше за неверојатен пресврт.

Сараево по четири одиграни меча има седум поени, додека Широки Бријег е трет по пет одиграни дуели со осум бодови.

Фото: Facebook/FK Sarajevo