Сабаленка за само 54 минути избори пласман во трето коло на УС Опен

Арина Сабаленка стигна на УС Опен во тешка ситуација со опасност да го загуби првото место, но на стартот на гренслем-турнирот изгледа незапирливо, а тоа го почувствува и Полина Јатченко.

Белорусинката успеа да слави против нејзината противничка со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1 за само 54 минути и целосна доминација на теренот.

„Задоволна сум од нивото на игра кое го прикажав денеска на теренот“, кааж Сабаленка.

Сабаленка се обидува да стане првата тенисерка која освоила три пехари по ред на УС Опен уште од Серена Вилијамс.

Фото: Facebook/US Open Tennis Championships