Ројевиќ: Бевме блиску до победата, момците го дадоа последниот атом од силите!

Охрид се бореше храбро против Вардар, но падна во завршницата од дуелот (31-32) во Суперкупот на Македонија.

Тренерот на „гладијаторите“, Борис Ројевиќ кажа дека биле блиску до победата, но не испочитувале одредени договори на теренот и затоа скапо платиле на крајот.

„Мора да анализирам некои работи по сè што се случи на теренот, од одредени работи не сум задоволен. И ние да победевме, немаше да биде незаслужено. Бевме поблиску до победата, но едноставно некои договори требаше да бидат реализирани подобро на теренот. Имавме неколку тешки и напорни патувања, игравме во Будва, во Панчево... Дојдовме изморени на овој Суперкуп, момците го дадоа секој атом сила и им честитам на борбата“, кажа Ројевиќ.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid