Брегалница доби ново засилување: Велков се врати во Штип!
Велков се враќа во Штип, каде што претходно играше за младинската екипа на Брегалница.
„Андреј Велков е уште едно во низата штипски деца кој ја засилија Брегалница оваа сезона. Штипската колонија е побогата за еден одличен, модерен фул лев бек кој одлично се снаоѓа и во дефанзивните задачи и во офанзивната прогресија. Го краси борбеност, дисциплина, стабилност, експлозивност, одличен центаршут и фантастичен физикус, Андреј со своите 183см господари покрај левата аут линија во вистинска смисла на зборот. Велков има 20 години, а во кариерата освен за Брегалница, настапуваше и за струмичка Брера и Тиквеш од Кавадарци. Ги помина сите младински селекции на Македонија до 19 години, а минатата недела имаше одлични настапи и за репрезентацијата на Македонија до 20 години на Медитеранските Игри во Таранто, Италија“, соопшти штипскиот клуб.
Брегалница по пет одиграни кола има шест освоени бодови и се наоѓа на осмата позиција во Првата лига.