Мурињо има строги правила кои мора да ги почитуваат ѕвездите на Реал!
Шпанските медиуми пишуваат дека Мурињо има нови правила кои мора да ги почитуваат сите фудбалери на „кралскиот клуб“.
Посебно строго е регулирано доцнењето на тренинзите. Играчите кои ќе доцнат веднаш се испраќаат на индивидуален тренинг во теретана.
Фудбалерот кој ќе задоцни на тренинг автоматски ќе остане надвор од тимот и за следниоат натпревар.
Мурињо притоа смета дека паричните казни немаат многу ефект, па затоа решил да им ги скрати минутите на фудбалерите кои ќе ги прекршат правилата.
Уште едно правило се однесува на исхраната. Фудбалерите имаат цело мени кое мора да го почитуваат.
Интересно е тоа што инспирација наводно пронашол во неговиот голем ривал и тренер на Барселона, Ханси Флик.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.