Ел Шарави по 15 години се враќа поранешниот клуб
Ел Шарави целото лето беше слободен играч, откако на 30 јуни му истече договорот со Рома. Тој во два наврати го носеше дресот на клубот од „Олимпико“, каде што вкупно помина девет години, а за „волчицата“ запиша 330 официјални настапи.
На почетокот на летото се појавија информации дека за Ел Шарави постои интерес од Саудиска Арабија и дека Ал Шабаб е подготвен да му понуди огромен договор вреден 10 милиони евра по сезона.
Сепак според последните информации се очекува во наредните часови да бидат завршени сите формалности околу трансферот и зделката да биде официјализирана.
Трансфер периодот во Серија А официјално заврши во вторникот навечер, на 1 септември, но тоа не влијае на Ел Шарави бидејќи тој е слободен играч.