„Дете“ на Реал Мадрид ќе ја наследи „десетката“ на Меси во Аргентина

Откако Лионел Меси објави дека се повлекува од репрезентацијата едно од прашањата беше кој ќе ја наследи неговата „десетка“, а според последните информации тоа е веќе познато. 

Како што пренесува „ЕСПН“ во репрезентацијата не биле ниту изненадени ниту неподготвени кога Меси објавил дека се повлекува бидејќи тие знаеле за одлуката уште веднаш по финалето на Светското првенство кое Аргентина го загуби од Шпанија.  

Исто така се наведува и дека неговиот дрес во иднина ќе го носи Нико Паз. Паз има само 21 години и за сениорската репрезентација собра 11 настапи, меѓутоа важи за еден од наталентираните млади фудбалери во Европа. 

Во овој момент го носи дресот на Комо, а иако летово имаше интерес од повеќе клубови одлучи да остане во калчолигашот каде што пристигна од Реал Мадрид каде што ја почна кариерата.

Неговиот татко Пабло Паз исто така настапуваше за Аргентина на Светското првенство во 1998 година.