Обамејанг ја заврши репрезентативната кариера: Ме понижија и уништија!
Неговиот однос со раководството на репрезентацијата во изминатите години беше турбулентен. Најпрво се збогува во 2022 година, па се врати по повик на тогашниот претседател Али Бонго, но по Африканскиот Куп на Нации во 2025 година повторно беше отпишан.
„Тие ме понижија и ми го уништија имиџот, иако бев дел од Африканскиот Куп на Нации додека имав повреда. Тоа беше последната капка која ја прелеа чашата и затоа сакам да се повлечам“, кажа Обамејанг.