Лас Палмас му одржа лекција на Рајо среде Мадрид

Рајо Валјекано разочара против Лас Палмас (1-3) на домашен терен во рамки на 13. коло од шпанската Ла Лига.

По само шест минути игра Силва му донесе предност на Лас Палмас, по што мрежите мируваа, иако Рајо напаѓаше со сите сили.

Напаѓачите на Рајо не беа ефикасни, па казната стигна во 62. минута кога Ернандез си постигна автогол, а пото Фустер стрелаше за 3-0.

Рајо Валјекано до крајот на мечот успеа да намали на 1-3 со автоголот на Мекена, иако создаде дури 34 шанси кон голот на гостите.