Лапорта задоволно трие раце: Барселона ќе добие 1,7 милијарди евра!

Каталонскиот гигант Барселона веќе со години има сериозни финансиски проблеми, а претседателот на клубот Жоан Лапорта се труди со сите сили да обезбеди услови за нормално функционирање на гигантот.

Меѓутоа од Шпанија пристигнуваат вести дека финансиските проблеми би можеле да станат минато затоа што Барселона ќе потпише договор вреден 1,7 милијарди евра.

Лапорта и неговиот тим наводно имале успешни преговори со познатата компанија „Најк“ за продолжување на соработката и Барселона за договор на 14 години би добила неверојатна сума на пари.

Медиумите објавија дека Барселона се согласила за договор со спонзорот до 2038 година, а Каталонците ќе добијат пари со кои ќе ги решат финансиските проблеми.