Лапорта е нов претседател на Барселона!

Жоан Лапорта победи на претседателските избори на каталонскиот гигант Барселона откако собра повеќе гласови од неговите ривали Виктор Фонт и Тони Фреикс.

Барселона неколку месеци беше без претседател откако Жозеп Марија Бартомеу си поднесе оставка, а прв човек на тимот требаше да се избере уште на 24 јануари, но изборите беа одложени за 7 март поради ковид-19.

Навивачите на клубот можеа да бираат меѓу тројца кандидати, а на крајот убедливо славеше Лапорта, кој доби околу 58% од гласовите.

Лапорта се враќа на функцијата претседател на Барселона, која со многу успех ја извршуваше во период од 2003 до 2010 година, кога направи целосен ремонт во тимот и Каталонците имаа одлични резултати.

Со неговото заминување клубот почна да тоне, но Лапорта најави дека ќе го врати таму каде што бил пред 10 години, а исто така вети дека ќе остане и Лионел Меси во екипата.

 Now it's official..@JoanLaportaFCB is the new chairman of @FCBarcelona https://t.co/nFJRMvE0vI