Ланс го најде лекот за разиграниот Лион

Фудбалерите на Ланс триумфираа против Лион со 3-0 во мечот од 24. коло во француската Лига 1.

Лион беше во одличен ритам и четири победи по ред, меѓутоа незгодниот Ланс ги искористи сите шанси и оствари голема победа. Стрелци на погодоците беа Флоријан Сотока, Ели Ваи и Кевин Дансо.

Ланс има 39 бодови на шестатата позиција во Лига 1, додека Лион е на 11. место со 28 бода.