Ла Лига стартува за две недели со големото градско дерби

Шпанското фудбалско првенство ќе продолжи на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, беше потврдено денес.

Шпанската влада даде зелено светло за враќање на фудбалот во оваа земја, а продолжението на сезоната ќе го отвори големо дерби меѓу градските ривали Севилја и Бетис.

За жал, дербито ќе биде без навивачи и нема да има жешка атмосфера како што се навикнавме до сега, нешто што го краси дуелот на великаните од Андалузија, но единствената работа што сега е важна е тоа дека фудбалот се враќа.

Исто така, денес беше потврдено дека новата сезона во Ла Лига ќе започне на 12 септември.

Сезонава во Ла Лига се води голема „војна“ кога е во прашање трката за шампионска титула, а главни претенденти за неа се Барселона и Реал Мадрид. Каталонците имаат два бода повеќе од големиот ривал.