Ла Лига го суспендираше Белингам, Реал Мадрид ќе се жали

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам денеска и официјално заработи суспензија од два натпревари.

Репрезентативецот на Англија доби црвен картон во ремиот против Осасуна по кое имаше бурни реакции во јавноста. Судијата Монтера го исклучи Белингем поради навреда, додека фудбалерот на „кралевите“ тврдеше дека станува збор за недоразбирање.

Сега од Мадрид стигна потврда дека Белингем ќе ги пропушти двата наредни натпревари во Ла Лига во кои Реал Мадрид ќе игра против Џирона во Мадрид и Бетис во Севиља, но Реал подготови жлба.

Во Мадрид веруваат дека Белингам може да биде во целост помилуван или да добие забрана од најмногу еден натпревар.

Пред натпреварите во Ла Лига, Реал Мадрид вечерв го чека реваншот во плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер сити.