Кварежма си замина од Бешикташ откако Турците не го пријавиле за новата сезона

Некогаш големиот португалски талент Рикардо Кварежма (35) е сѐ поблизу до фудбалска пензија, иако има желба да поигра фудбал уште некоја година. Но, на една недела до крајот на преодниот рок има малку време за да најде посериозен клуб откако си замина од турски Бешикташ.

Иако беше едно од најзвучните имиња на бившиот турки првак, изненадувачки црно-белите не го пријавија за новата сезона, па Кварежма иако под договор, си го раскина истиот и сега е слободен. Дури и најави прес-конференција за да ја информира јавноста за целиот случај.

Кварежма не е пријавен за турската Суперлига од засега неразјаснети околности, а на Португалецот му останува брзо да најде клуб. Во спротивно или ќе паузира до јануари или можеби и ќе замине во пензија.

Кварежма само кратко објави дека бил информиран од првиот човек на клубот дека не го сакаат повеќе во клубот.