Кутињо со гол ѝ донесе бод на Барселона против Севилја (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона одигра само 1-1 против Севилја на домашен терен во третиот меч од шпанската Ла Лига, па така ја прекина победничката серија.

Севилја дојде до рано водство на „Камп Ноу“ со голот на Лук де Јонг во осмата минута од мечот, но Филипе Кутињо само две минути подоцна израмни на 1-1.

Каталонците беа подобри за нијанса во второто полувреме, но едноставно не можеа да го пронајдат патот до мрежата на Севилја, па мрежите останаа да мируваат (1-1).

Барселона по три одиграни кола се наоѓа на петто место со седум бодови, колку што има и Севилја на шестата позиција.