Прославата на 55-тата шампионска титула на Глазгов Ренџерс, неочекувано ескалира во голема тепачка, со многу крв на улиците, тепачки со полициите и голем број уапсени навивачи.

Илјадници фанови се собраа на плоштадот „Џорџ“ во Глазгов со цел еуфорично да го одбележат првиот трофеј во првенството по пауза од 10 години, а хаосот почнал со меѓусебна пресметка на две навивачки фракции, кои почнале да фрлаат чадни бомби и пиротехнички средства едни кон други.

Полицијата реагирала итно, а бројката на повредени и на уапсени дополнително ќе биде објавена.