Крос откри како завршил во Реал Мадрид, а веќе бил договорен со Манчестер јунајтед

Доаѓањето на германскиот репрезентативец Тони Крос во Реал Мадрид беше веројатно последната алка што недостигаше во „кралскиот клуб“ за да се склопи моќниот среден ред со Лука Модриќ и Касемиро, по што најтрофејниот европски клуб доминираше со три европски титули во низа по славната десима во 2014 година

Крос во летото 2014 година година дојде во Реал, откако со Германија стана светски првак, а една година претходно со Баерн ја освои европската круна. И под палката на Зинедин Зидан потоа стигна до хет-трик на трофеи во ЛШ, како дел од историската генерација на која првпат и успеа во ваквиот формат на елитното натпреварување да запише три пехари во низа, а првпат по повеќе од 40 години и славниот Ајакс како екипа која имала ваква доминација.

Но, Крос првично не требало да дојде во Мадрид, туку бил договорен во Манчестер јунајтед, ама...

„Дејвид Мојс доаѓаше во Германија за да ме види, а ние практично сè имавме договорено. Договорот практично беше завршен. Но, после тоа Мојс доби отказ, а на негово место стигна Луј Ван Гал и тука работите се искомпликуваа. Јас чекав само повик од 'Олд Трафорд', зашто сè беше договорено, но оттаму – мок. Никој не се јавуваше, а јас понав веќе да се премислувам. Потоа почна СП, а ми се јави Карло Анчелоти и – тоа е тоа. Завршив во Реал Мадрид“, откри Крос.