Кристијано Роналдо очекувано ги мина медицинските прегледи
Тој изминатиот викенд имал медицински прегледи во Лисабон, Португалија и очекувано тие минале без никакви проблеми. Фудбалерот добил зелено светло да го потпише договорот со својот поранешен клуб за кој играше од 2003 до 2009 година.
Роналдо реши да го напушти Јувентус, кој ќе инкасира обештетување од 15 милиони евра плус осум милиони во бонуси. Ќе потпише двегодишен договор со „црвените ѓаволи“.