Криминал во корона-криза: Обложувачници заработуваат на непостоечки мечеви!?

Пред неколку дена се појави информација како обичен пријателски меч на седмо и осмолигаш во Шведска станал толку атрактивен, што клубовите на крај од преголем притисок го откажале, зашто „фудбалската мафија“ не чекала многу за брзо да влезе во шема за да си го наштелува резултатот за своја корист и да профитира.

Арно ама, во ек на големата криза предизвикана од пандемијата со коронавирус, сериозна криза има и во обложувачкиот свет. Нема мечеви, нема уплати, нема обрт на пари. И сега делува неверојатно, дека одредени обложувачници дури и измислуваат мечеви, за да профитираат.

Во Украина, неколку обложувачници во својата понуда ставиле мечеви од т.н. „Азов Куп“. Турнирот бил најавен преку Фејсбук и клубот Бердањск од нисаката лига на Запорожје, а требало да играат уште и Лозоватка, Таврија и Мелитопол Чери. Во првиот ден од турнирот на понуда биле мечевите Бердањск – Лозоватка и Таврија – Мелитопол Чери. И тука настанува циркузот. Преку страници кои соработуваат со обложувачниците, има комплетна статистика – состави на тимовите, стрелци, минути кога се постигнати головите...

Но, други обложувачници кои ги немале овие парови во понуда се посомневале во нешто, па испратиле свои „известувачи“ од тие мечеви. На стадионите немало фудбал. Трибините заклучени, терените празни, топка не се тркала... И веднаш ја информирале полицијата.

Според проценки обложувачниците заработиле 100.000 евра, а ма имало и исплата од „страсни коцкари“, кои и нешто погодиле, па сега тоа било олеснителна околност во хаосот, зашто полицијата допрва ќе го предаде случајот на обвинителството за организиран криминал.