Кошчелни бира: Германија, Италија или Франција?

Арсенал ќе прави ремонт во одбраната, па затоа некој од поискусните фудбалери ќе си заминат. Француските медиуми пишуваат дека еден од тие што ќе си замине е капитенот на „топчиите“ Лоран Кошчелни.

Преговорите за продолжување на соработката се прекинати и Французинот реши да си замине од „Емиратите“. Финалето во ЛЕ ќе биде последниот натпревар за Кошчелни во дресот на клубот од Лондон.

Според последните информации најзаинтересирани за неговите услуги се Рен и Милан. Сепак, во последен момент се вклучил и Баер Леверкузен кој во моментов е во предност затоа што следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.