Короната влезе и во Наполи: Фудбалер и тренер на тимот позитивни на ковид-19
Според информации на новинарот Валтер Ди Маџо, новинар на радио Гол „Кис Кис“, еден фудбалер и еден член на стручниот штаб се позитивни на тестирањата, но не е познат нивниот идентитет.
„Фудбалер и тренер во Наполи се позитивни. Очекуваме потврда на информациите“, објавил Ди Маџо.
Итaлијански медиуми денеска објавија дека околу 16 часот денеска треба да бидат познати резултатите од вторите тестирања во Наполи, а веќе утре да биде направен и трета рунда на тестови, откако во Џенова се појавија 15 случаи, а денеска уште нови три.
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев на сите тестирања е негативен во Џенова, додека од друга страна Елиф Елмас сега ги очекува резултатите од тестирањата.
Поради овој случај со ковид-19 во Калчото, селекророт Игор Ангеловски дури за утре го најави списокот за претстојниот историски меч со Косово, како и следните два во Лига на нации со Естонија и Грузија.