Корона-циркузи: Арбитражниот суд во Белгија ја поништи титулата на Бриж!

Кога Белгија како прва земја која комплетно ја прекина сезоната поради пандемијата со коронавирус, експресно беше изгласано Бриж да биде првак, а Беверен како последен да испадне, одлуката наиде на силни реакции во УЕФА, ама и кај домашната јавност особено од клубот што мораше да ја напушти елитата.

Беверен реши да се жали на таа одлука, па до Арбитражниот спортски суд во Белгија испрати жалба и спорот го доби. Да е маката поголема, настрада Бриж, кој секако ќе беше шампион, поради огромната разлика и бодовна и квалитативна, но вака – судот им ја поништи круната.

Според белгиските медиуми, Судот наредил да се поништи титулата, а Беверен да остане прволигаш, што создава дополнителни проблеми во Белгија.

Одлуката ја донесоа клубовите на својот состанок, па сега ќе мора да свикаат нов и да решаваат како понатаму после оваа судска пресуда.