Конте го постави главниот услов за да дојде во Интер – засилување од Атлетико Мадрид!

Лучано Спалети од идната сезона најверојатно нема да го води Интер, а како негов наследник се споменува Антонио Конте.

Поранешниот италијански селектор е голема желба на спортскиот директор Бепе Марота, но сигурно и тренерот сака да се врати на работа, откако направи пауза од една година, по отказот од Челси.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Конте ги договорил условите за соработка со Интер, но исто така се пишува дека италијанскиот стратег има еден специфичен услов за управата на „нераѕурите“.

Конте, наводно, побарал од Марота да го донесе Томас Парти од Атлетико Мадрид, а доколку не успее во тоа, тогаш ниту Италијанецот нема да седне на „жешкото“ столче.

Интер летово ќе може да вложи повеќе пари од претходните години, затоа што нема да биде под надзор на УЕФА, па тие се надеваат дека ќе се борат за Скудетото.