
Компани ги избра најдобрите 11 со кои настапувал во Сити (ФОТО)
Искусниот дефанзивец во 2008 година пристигна во Сити, а во меѓувреме освои 12 трофеи, меѓу кои и четири трофеи во Премиерлгата.
За повеќе од една деценија Компани играше со многу добри фудбалери во редовите на „граѓаните“, па реши да го избере идеалниот тим со кој настапувал.
На голот го стави Џо Харт, а во последната линија се Џон Стонс, Пабло Забалета и Гаел Клиши. Во средниот ред се Јаја Туре, Кевин де Брајне и Давид Силва. Додека во нападот ги избра Карлос Тевез, Рахим Стерлинг и Серхио Агуеро.