
Клуб Бриж ја одби и последната понуда на Милан за „кумановецот“ Јашари!
Милан се обидува да го ангажира швајцарскиот репрезентативец Ардон Јашари кој настапува за Клуб Бриж, но белгискиот клуб е многу тврд во преговорите.
Бриж не сака да слушне за продажба на Јашари за понуда помала од 40 милиони евра, а росонерите доаѓаат блиску до таа сума, но не сакаат да дадат толку пари.
Милан понуди 33 милиони евра плус 2,5 милиони евра во лесно остварливи бонуси, плус 2,5 милиони евра во потешко остварливи бонуси. Вкупната сума е 38 милиони евра.
За оваа понуда новиот спортски директор на Милан, Игли Таре рече дека е последна. Нема да одат над таа сума.
Сепак, белгискиот новинар Томас Таке кој е токму од Бриж, утринава излезе со информација дека и оваа понуда на Милан е одбиена.
Доколку Милан не го промени својот став и не додаде уште некој милион на понудата, се чини дека Јашари кој има кумановско потекло ќе остане во Белгија.